„Nature, my friend“: подигнување на свеста за заштита на животната средина преку интересни активности засновани на природата

Брума Ала и Истрати Виорика, две молдавски еТвинерки, го имплементираа проектот „Nature, my friend“ („Природа, пријателе“) во партнерство со училишта од Република Молдавија, Романија, Турција, Бугарија, Италија, Грција и Португалија.
Проектот кој се спроведуваше во текот на учебната 2021-2022 година се фокусираше на развивање на еколошката свест кај децата на предучилишна возраст преку трансформирање на нивното секојдневно однесување во еколошки, економичен, здрав и одржлив начин на живот, како и преку подигнување на свеста за нивната одговорност за спречување на загадувањето.
За подобро да се поврзат со природата, учениците го набљудуваа ‘ртењето и растот на растенијата, се грижеа за животни и изработуваа рециклирани играчки или креираа активности за кодирање. Една од омилените активности на децата беше изработката на нивни сопствени аватари кои зборуваат, со што тие за првпат вежбаа зборување на англиски јазик.
Сепак, членката на проектот, Брума Ала, вели дека учениците биле најмногу возбудени поради тоа што можеле да соработуваат со деца од други земји.
„Само што започнаа онлајн активностите, децата беа многу возбудени поради самите активности и поради тоа што знаеја дека резултатите од нивните активности се споделуваат со деца од други градинки во рамки на еден заеднички онлајн простор.“
Друг забавен дел од проектот за децата беа онлајн прославите со партнерските земји.
Членовите на проектот организираа онлајн прослави по повод деновите како што се Светскиот ден на водата и Денот на планетата Земја каде децата меѓусебно се поздравуваа и заедно пееја. Тие дури изработија и постер со кратки видеа од нив во кои на нивните јазици ги испраќаат пораките: „Спаси ја планетата Земја“ и „Заштити ја животната средина“.
„Тие беа воодушевени што можеа да се видат себеси на видеа,“ рече Ала.
И родителите беа вклучени во проектот уште од почетокот, и тоа прво им помагаа на децата при гласањето за проектното лого и постерот на проектот. Подоцна, членовите на проектот спроведоа низа проектни активности наречени „Семејни активности“. Семејствата отидоа заедно на санкање, ја истражуваа природата и организираа игри и спортски активности на отворено. Слики од активностите беа споделувани на TwinSpace во текот на проектот, при што децата од другите земји можеа да ги видат активностите во кои учествувале нивните врсници.
„Беше импресивно и чудно за децата да видат дека во една земја вее снег, во друга врне дожд, а во трета грее сонце и се будат цвеќињата и дрвјата.“
- Истрати Виорика
Проектот „Nature, my friend“ беше интердисциплинарен проект во кој се применуваа забавни и интересни активности засновани на природата за подигнување на свеста на децата за важноста на заштитата на животната средина.
Additional information
-
Education type:Early Childhood Education and Care
-
Target audience:TeacherHead Teacher / Principal
-
Target audience ISCED:Early childhood education (ISCED 0)